Американската разузнавачка заедница внимателно ја следи војната во Украина и однесуваерто на рускиот претседател Владимир Путин. Шефот на ЦИА Вилијам Барнс од телевизијата Си-би-ес беше прашан дали Путин е загрижен за напредокот на украинската војска и фактот што стотици илјади луѓе бегаат од Русија.
Тој мора да биде загрижен, не само за она што се случува на бојното поле во Украина, туку за она што се случува дома и на меѓународно ниво. Минатиот февруари, непосредно пред почетокот на војната, Путин застана покрај кинескиот претседател Си Џинпинг и тие прогласија пријателство без граници. Се покажа дека тоа пријателство има граници, изјави шефот на ЦИА за Си-би-ес Њуз.
Барнс истакнува дека Кина не ја обезбеди воената поддршка што ја очекуваше Путин. И покрај тоа, вели Барнс, Путин останува „тврдоглаво убеден во сопствените проценки“.
Путин е опасен и непромислен кога се чувствува втеран во агол. Путин го заснова својот пристап на погрешни претпоставки и мисли дека може да се справи со Украина, САД и Западот, вели Барнс, додавајќи дека верува оти Си „е како сокол што набљудува што се случува во Украина“.
Барнс смета дека кинескиот претседател се „отрезнил“ кога ги видел лошите перформанси на руската војска.
Кинезите гледаат дека Украинците даваат отпор со многу храброст и упорност, изјави директорот на ЦИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.