Група од 21 планинар исчезна на индиските Хималаи откако ги зароби лавина на северот на Индија, соопштија денес за официјални лица.
На планинскиот врв кој се наоѓа во синџирот Гаготри на Хималаите група од 29 луѓе беше погодена од лавина.

Спасителите од снегот извлекоа осум планинари, а за преостанатите 21 планинар уште се трага. Сите исчезнати биле на обука во планинарскиот инсититут, но далеку од местото на лавината, изјави шефот на полициката на Утараканда Ашок Кумар, пренесе АП.

Највисокиот избран службеник на државата Утарканд Пушкар Стинг Дами рече дека националните сили за регирање при катастрофи и индиската војска распоредиле тимови да помогнат во напорите за спасување,пренесе Ројтерс.

Индиските воздухопловни сили распоредиле два хеликоптери во потрага за исчезнатите.

Лавините се вообичаени во планинските области на Утарканд. Минатата година пукањето на глечери во државата резултираше со бујна поплава во која загинаа повеќе од 200 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.