Слушнавме врисоци од зградата кои ни го привлекоа вниманието. Слушнав како човек вреска кога го виде девојчето како се наведнува преку работ. Девојчето се повеќе се потпираше и се качуваше, држејќи се само со две раце, а нозете и беа во воздух, банкарот Матија Агуци (37) го опиша моментот кога го спасил девојчето (3) кое паднало од балкон на петти кат од зграда во Торино, пренесува CNN.

Ги слушнал врисоците кога заедно со неговата девојка отишле да купат леб. Тој слушнал крик и се обидел да го привлече вниманието на девојката, но сфатил дека таа не може да го слушне.

– Ѝ викнав да остане мирна и да се врати внатре. Кога ја видов како паѓа, застанав на патот, ги затворив очите и се надевав дека се ќе биде најдобро, го ублажив нејзиниот удар и двајцата паднавме на земја – објасни Италијанецот кој беше прогласен за херој во градот. Се здобил со полесни повреди.

– Отпрвин не почувствував знаци на живот, потоа девојчето почна да плаче и јас дишев со олеснување – додаде тој.

Девојчето со возило на брза помош било пренесено во болница, а нејзините родители биле во шок.

– Постапките на Мети Агуци, нашиот сограѓанин кој фати и спаси живот на девојче кое падна од петти кат, се херојски и необичен гест – напиша градоначалникот на Торино, Стефано Ло Русо. Тој повика на почит на Агуци.

Му се заблагодари и премиерката Мелони.

– Приказната за малото девојче кое падна од балкон на петти кат во зграда во Торино можеше да се претвори во трагедија. Но, благодарение на брзината на Мети Агузи, кој ја виде како паѓа и ја зграпчи во воздухот, нејзиниот живот беше спасен. Голема чест и благодарност до овој млад херој – напиша таа.

За се му се заблагодари и премиерката Мелони.

Приказната за малото девојче кое падна од балкон на петти кат во зграда во Торино можеше да се претвори во трагедија. Но, благодарение на брзината на Мети Агузи, кој ја виде како паѓа и ја зграпчи во воздухот, нејзиниот живот беше спасен. Голема чест и благодарност до овој млад херој – напиша таа.

За ситуацијата се осврна и човекот кој го спаси девојчето.

– Не ме нарекувајте херој, судбината ме постави таму – рече тој.

Целата ситуација ја истражува италијанската полиција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.