Американскиот претседателот Џо Бајден ја повика меѓународната заедница да и помогне на Газа преку обезбедување ресурси и помагање во управувањето со безбедноста во регионот веднаш по војната.

„Меѓународната заедница мора да посвети ресурси за поддршка на народот во Газа веднаш по оваа криза, вклучително и привремени безбедносни мерки, и да воспостави механизам за реконструкција за одржливо да се задоволат долгорочните потреби на Газа“, напиша Бајден во текст објавен во Вашингтон пост.

„И императив е никогаш повеќе да нема терористички закани од Газа или од Западниот Брег.

САД и Израел се обидоа јавно да презентираат обединет фронт, но поделеноста беше откриена откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно овој месец рече дека Израел ќе има повоена безбедносна улога во Газа на неодреден период.

Државниот секретар Антони Блинкен брзо возврати, нагласувајќи дека САД нема да прифатат никаков предлог за повторна окупација на Појасот Газа или блокада на енклавата. Блинкен, исто така, ја изложи својата најдетална визија досега за иднината на Газа, велејќи дека таа „мора да го вклучи управувањето предводено од Палестинците и Газа обединета со Западниот Брег под палестинската управа“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.