Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека останува да се види дали Русија ќе преземе некаква акција за намалување на воените операции во Украина, додавајќи дека Вашингтон и неговите сојузници ќе продолжат со силни санкции и помош за Украина.

Ќе видиме дали ќе го спроведат она што повторно го предлагаат, им рече тој на новинарите во Белата куќа по состанокот со премиерот на Сингапур Ли Сиен Лунг.

Тој додаде дека ќе продолжат „внимателно да следат што се случува“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.