Американскиот претседател Џозеф Бајден одржа говор на националниот самит за Побезбедни заедници во Конектикат, повикувајќи на построги закони за контрола на оружјето, но на крајот од својот говор тој ги збуни присутните велејќи „Боже чувај ја кралицата“.
На интернет се шират видеа од пораката на американскиот претседател на крајот од неговото обраќање во Конектикат, а јавноста прашува што мислел американскиот претседател кога го кажал тоа, пренесува Би-би-си.
Првата заменик-секретарка за печат на Белата куќа, Оливија Далтон, во разговор со новинарите подоцна рече дека американскиот претседателот го упатил тој коментар „на некој од публиката“.
President Biden ends gun control speech in Connecticut by saying ‘God save the Queen, man.’pic.twitter.com/3jdKqarg9m
— The Spectator Index (@spectatorindex) June 16, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.