По серијата напади врз цели на Хутите во Јемен, американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека САД доставиле „приватна порака“ до Иран за Хутите во Јемен.
Имајќи предвид дека Иран ги поддржува речиси сите милитантни групи на Блискиот Исток, неизвесно е каков ќе биде одговорот на Техеран.
-Го испорачавме приватно и уверени сме дека сме добро подготвени – рече Бајден, без да наведе повеќе детали.
Иако Иран негира вмешаност во нападите на Хутите во Црвеното Море, Техеран е осомничен дека им доставува оружје на Хутите, а САД велат дека иранското разузнавање било клучно за да им дозволи да ги таргетираат бродовите.
Заедничките воздушни напади на Велика Британија и САД беа насочени кон речиси 30 позиции на Хутите, поддржани од западните сојузници, вклучувајќи ги Австралија и Канада.
Еден ден подоцна, американската Централна команда објави дека го започнала својот нов напад врз Хутите во Јемен користејќи крстосувачки ракети Томахавк.
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон изјави дека Британија нема „нема избор“ освен да преземе воена акција против Хутите во Јемен, како одговор на нивните напади врз бродови во Црвеното Море.
Портпаролот на Хутите изјави за Ројтерс дека нападите немале значително влијание врз способноста на групата да ги напаѓа бродовите во Црвеното Море.
Хутите се вооружена група од јеменското шиитско муслиманско малцинство Заиди. Мнозинството јеменски граѓани живеат во области под контрола на Хутите. Покрај Сана и северен Јемен, Хутите го контролираат брегот на Црвеното Море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.