Американскиот претседател Џозеф Бајден им честиташе на републиканците за обезбедувањето мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес и истакна дека ќе соработува со сите за доброто на Американците.

Американскиот народ сака да работиме за нив. Ќе работам со секој републиканец или демократ кој е подготвен да работи со мене за да им дадам резултати на луѓето, рече Бајден во изјавата објавена од Белата куќа, пренесе Ројтерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.