Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека убиството на лидерот на либанската група „Хезболах“, Хасан Насрала од страна на Израел, е мерка за спроведување правда за неговите многубројни жртви и рече дека САД целосно го поддржуваат правото на Израел да се брани од групите поддржани од Иран.

Бајден посочи дека му наредил на секретарот за одбрана Лојд Остин дополнително да ја зајакне одбранбената позиција на американските воени единици на Блискиот Исток за да се одврати агресијата и да се намали ризикот од ескалација на војната.

„На крајот, САД се обидуваат да ги деескалираат тековните конфликти во Газа и Либан преку дипломатски средства“, нагласи претседателот.

Тој не ја коментираше изјавата на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, кој предупреди дека ќе се одмазди за смртта на Насрала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.