Претседателот на САД, Џо Бајден, кој е на половина од неговиот мандат, предвремено гласаше на среднорочните избори за Конгрес, закажани за 8 ноември.
Со Бајден беше и неговата 18-годишна внука Натали, која гласаше за првпат, јавија дел од британските медиуми.
Според анкетите, демократите би можеле да ја изгубат контролата над двата дома на Конгресот. Незадоволството на гласачите поради високата инфлација, го нарушува замавот, на што се надеваа демократите, во острата битка со републиканците околу правата на абортус.
Американскиот претседател беше дециден дека овие избори не се референдум, туку се избира меѓу две многу различни гледишта. Тој вети дека ќе ја озакони одлуката Ро против Вејд, со што се легализира абортусот, поништена од Врховниот суд во јуни, доколку демократите успејат да го зголемат бројот на нивните претставници во Сенатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.