Наместо да рече „ужас“ на Холокаустот, во денешната посета на Ерусалиум во Израел, американскиот претседател Џо Бајден рече „чест“ на Холокаустот и брзо се поправи. Гафот одекна во медиумите.

Во Израел сум за да им оддадам почит на шесте милиони еврејски животи украдени во геноцидот и да го продолжам она што мораме да го правиме секој ден, да продолжиме да сведочиме и да ги одржуваме живи вистината и честа на Холокаустот… ужасот на холокаустот – рече Бајден откако излезе од претседателскиот авион Air Force One.


Бајден ја поправи грешката, а потоа се бореше да го прочита говорот и да го изговори името на Меморијалниот центар на холокаустот Јад Вашем.

По Израел, Бајден ќе ги посети Саудиска Арабија и окупираниот Западен Брег.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.