Белата куќа формирала работна група составена од претставници на националната безбедност со задача да ги подготви Соединетите Американски Држави и нивните сојузници во случај рускиот претседател Владимир Путин да одлучи да употреби хемиско, биолошко и нуклеарно оружје во Украина, а можеби и на друго место, пишува „Њујорк тајмс“.

Според неколку официјални лица вклучени во групата со кодно име „Тигар“, нејзините членови разгледуваат и можни решенија во случај Путин и руските сили да влезат на територијата на некоја од членките на НАТО за да ги нападнат конвоите што доставуваат оружје и хуманитарна помош за Украина.

„Тигрите“ се состануваат три пати неделно, нивните состаноци се тајни, при што се разговара како да реагираат на потенцијалното ширење на војната во Украина кон Молдавија и Грузија. како и како да ја подготват Европа за нов бегалски бран кој би можел да биде поголем од кој било виден во текот на последните неколку децении.

Според весникот“ плановите и анализите подготвени од „Тигрите“ се една од главните теми на самитот на Алијансата што се одржува во Брисел. Тоа е прва средба на лидерите на НАТО откако почна руската воена интервенција во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.