Доста е масовните масакри и пукања во САД, смета американскиот претседател Џо Бајден, кој во синоќешното обраќање до нацијата побара од Конгресот низа мерки, меѓу кои и да се зголеми возраста за купување оружје.

Видете, знам дека некои луѓе ќе речат „18-годишниците можат да служат во војска и да пукаат од такво оружје“, но тоа е со обука и надзор од најдобро обучените експерти во светот. Не ми кажувајте дека зголемувањето на возраста нема да направи разлика. Доста е – рече Бајден за време на телевизиското обраќање по повод справувањето со оруженото насилство.

Институциите во САД си ја префрлаат топката околу воведување мерки за купувањето оружје. Белата куќа го назначи Конгресот за одговорен за носење на законите, но факт е дека републиканците и некои умерени демократи ги блокираат таквите закони со години, без разлика што мнозинството Американци сакаат оружјето да се стави под контрола.

Законот ќе мора да помине и во Сенатот, каде има 50 демократи и 50 републиканци, а законот мора да има 60 гласа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.