Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска во Варшава ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи и одбрана на САД, Ентони Лојд Остин и нивните украински колеги Дмитро Кулеба и Алексеј Резников.

Бајден утринава ќе присуствува на состанокот меѓу Блинкен и Остин со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеб и министерот за одбрана Алексеј Резников, соопшти Белата куќа.

Бајден, кој денеска ја завршува дводневната посета на Полска, вчера во Жешов разговараше со полскиот претседател Анджеј Дуда и со претставници на невладините хуманитарни организации кои им помагаат на бегалците од Украина.

Во Жешов американскиот претседател ги посети американските војници, распоредени на југоистокот на Полска како дел од зајакнувањето на источното крило на НАТО.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.