Побарав од Бенјамин Нетанјаху тридневна пауза во непријателствата, изјави американскиот претседател Џо Бајден по телефонскиот разговор со израелскиот премиер.

Бајден го повика Нетанјаху на пауза за да се овозможи напредок во ослободувањето на заложниците кои ги држи Хамас, но и да се олесни влезот на хуманитарна помош. Белата куќа официјално објави дека Бајден и Нетанјаху исклучиво разговарале за „тактички паузи“ за време на актуелната криза.

Со договор на овие две страни, паузата би била искористена за дополнително да се потврди идентитетот на сите заложници и да се обезбеди комплетен список со имиња, иако за време на разговорот израелскиот премиер истакна дека „не му верува на Хамас кои не се подготвени за договор“.

Разговорот го водеа и израелскиот претседател Исак Херцог и американскиот потпретседател Камала Харис, кои ја истакнаа „важноста од заштита на животите на цивилите“ и „почитувањето на меѓународното хуманитарно право“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.