Во последните 24 часа одбиени се бројни напади во областа на источен Доњецк, соопшти украинската армија.

Руските сили, пак, велат дека се подготвуваат да го освојат источниот град Бахмут – во фокусот на повеќемесечните интензивни борби.

Шефот на руската приватна армија Вагнер тврди дека „Бахмут е практично опколен“ со ограничени излезни правци.

Сите правци за снабдување и повлекување на украинската армија од Бахмут се во дометот на артилерискиот оган. Успешно окупиравме еден рид, кота која беше стратешка за таа област. Од тоа место може да се види околината и сите пристапни патишта северно од Бахмут. Можеме да видиме дека тие пристапни патишта повеќе не може да се минуваат како што би салал непријателот, изјави за Спутник член на „Вагнер“.

Како што додаде тој, силите на групата „Вагнер“ во моментов ја отсекуваат украинската армија од патиштата за снабдување од градот Часив Јар кај Артјомовск (украинско име – Бахмут).

Артилеријата е постојано активна. Штом се забележи било какво движење, веднаш пукаат таму, мислам дека тоа им прави големи проблеми. Тие пукаат прецизно, но ниту противникот не се впушта во глупости – прават и други патишта, дополнително од оние на мапите. Времето влијае негативно, патиштата се калливи, тешката опрема тоне, се заглавува, а таму каде што застанува, почнуваат да се движат други, зошто станува одлична мета. Генерално, сите патишта до Бахмут се цел, рече борец на „Вагнер“.

Претходно основачот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин објави дека борците на групата практично го опколиле Артјомовск и повика да се предадат.

Во исто време, дописникот на британската телевизија „Скај њуз“ Алекс Роси јавува дека ситуацијата во Артјомовск од ден на ден станува се потешка за украинските единици и дека наскоро ќе го предадат градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.