Пет лица загинаа, а шест се повредени, меѓу кои и возачот, кога автомобил влета во паб во австралискиот град Дејлсфорд, соопшти денеска полицијата.
Момче, двајца мажи на возраст од 30 и една жена на 40-годишна возраст починале на лице место, додека една тинејџерка починала во болница во Мелбурн, каде што била пренесена со хеликоптер по несреќата.
Шеесет и шестгодишниот возач на БМВ бил пренесен во болница откако со својот автомобил влетал во преполн паб во хотелот Ројал во градот Дејлсфорд, северозападно од Мелбурн. Тој се здобил со полесни повреди, а од полицијата велат дека ќе биде сослушан откако ќе биде пуштен од болница каде е под полициски надзор. Неговиот алкотест бил негативен, а направена е и крвна анализа за други супстанци, соопшти полицијата.
Полициските истражители се обидуваат да утврдат како автомобилот дошол до работ и удрил во терасата на пабот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.