Најмалку пет лица загинаа, а 20-ина се повредени во автобуската несреќа на автопат во близина на источниот германски град Лајпциг.

Според првичните информации, има и потешко повредени.

Автобусот на европскиот превозник „Фликсбас“ се превтел на пат од Берлин за Цирих, а автопатот е затворен во двата правци. На местото на настанот беа испратени пет хеликоптери.

Во него имало 53 патници и двајца возачи, а несреќата се случила до аеродромот во Лајпциг.

„Сè уште не се познати точните околности на несреќата“, соопштија од „Фликсбас“.

„Ние, секако, тесно соработуваме со локалните власти и со службите за итни случаи на самото место и ќе направиме сè што е во наша моќ за брзо и целосно расветлување на причините за несреќата“, велат од таму.

Официјални лица во провинцијата Саксонија изјавија дека нивните мисли се со жртвите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.