Австриската авиокомпанија АУА соопшти дека од утре ќе ги прекине летовите кон Киев и Одеса, а одлуката ќе важи до крајот на февруари.
Летовите до Лавов ќе продолжат и во моментов АУА лета на таа линија три пати неделно.
АУА нагласува дека безбедноста на патниците и вработените е приоритет и оти состојбата во Украина редовно се следи.
И германската авиокомпанија Луфтханза вчера соопшти дека од утре ќе ги прекине летовите до и од украинските градови Киев и Одеса.
Компанијата ќе ги изврши последните летови до тие градови во текот на викендот пред да ги прекине од понеделник до крајот на месецот.
Луфтханза ќе продолжи да лета до Лавов, град во западна Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.