Австрискиот канцелар Карл Нехамер ја прекина дискусијата за укинувањето на австриската неутралност со пораката „Австрија останува неутрална“.

Австрија беше неутрална, таа е неутрална и Австрија ќе остане неутрална – подвлече Нехамер и рече дека за него дискусијата е завршена.

Според него, неутралноста била добра за Австрија. Тој нагласи дека во моментов има војна, потребна ни е брза помош, брза солидарност за луѓето на лице место, како и поддршка за политички одговорните луѓе кои таму се плашат за својот живот, без дискусии кои немаат основа во реалноста.

Така Нехамер индиректно одговори на барањето на поранешниот претседател на Собранието, Андреас Кол, кој во авторски текст во весникот „Клајн цајтунг“ изјави дека Австрија треба да влезе во НАТО или во армијата на ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.