Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави денеска дека неговата влада може да размисли за покренување истрага за околностите под кои поранешниот премиер Скот Морисон тајно положи заклетва во клучните министерства за време на пандемијата на коронавирус.

За време на пандемијата, Морисон, кој се повлече од функцијата лидер на Либералната партија по поразот на општите избори во мај, положил тајна заклетва во пет клучни министерства, како што се дозна оваа недела. Неговите постапки предизвикаа критики од владата на лабуристите, како и од неговата партија, но поранешниот премиер се бранеше велејќи дека чувствувал дека одговорноста за нацијата за време на пандемијата е целосно негова.

Албанезе денеска изјави дека утре владата ќе добие совет од генералниот адвокат, вториот највисок судски службеник во земјата, за законитоста на постапките на Морисон. Албанезе посочи дека владата, исто така, ќе размисли дали да започне истрага и реформи за да се осигура дека таквата практика нема да се повтори. – Ќе ги разгледаме сите овие прашања откако ќе го добиеме советот од главниот правен консултант, изјави тој за Скај Њуз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.