Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила 900 килограми синтетичка дрога метамфетамин, со продажна вредност од 538 милиони долари, која била скриена во индустриски машини увезени од САД.

Британските медиуми пренесуваат дека во акцијата полицијата уапсила 31-годишен маж од Сиднеј, осомничен за шверцот на метамфетаминот и му одредила притвор.

Официјални лица истакнаа дека истрагата продолжува и дека може да се извршат повеќе апсења, а заплената на дрогата следела по анонимна дојава и разузнавачки информации од американското Министерство за внатрешна безбедност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.