Несреќата се случила при полетување, кога авионот се излизгал од пистата и завршил во шума, пренесува Нетпрес.

Авионот се запалил по инцидентот и претрпел сериозна штета.

На интернет веднаш почнаа да кружат фотографии од запален авион кој лета под компанијата „Транс Ер“.

Сите летови на аеродромот, кој се наоѓа во близина на главниот град, се суспендирани до понатамошно известување.

Итните служби успеале навреме да ги евакуираат патниците.

За среќа нема жртви, но десетина патници се повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.