Полицијата во главниот град-сојузна покраина Берлин и во соседната сојузна покраина Саксонија-Анхалт, западно од германската престолнина, во средата започна голема рација против група осомничени криумчари на луѓе.

Повеќе од 20 станови и канцеларии, главно во Берлин, се претресени рано утрото, изјави портпаролот на сојузната полиција.

Вкупно во претпладневните рации уапсени се пет мажи, од нив четворица во Берлин и еден во градот Хале во покраината Саксонија-Анхалт.

Под истрага се вкупно 18 осомничени. Бандата наводно криумчарела луѓе од Турција и Ирак во Германија.

Ангажирани се вкупно 400 полицајци од сојузната и берлинската полиција, вклучително и припадници на специјалните полициски единици каква што е GSC 9.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.