Православен свештеник предизвика инцидент на еден од булеварите во Софија, фрлајќи анатема врз колоната со украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој беше во кратка посета на Бугарија.

Попот изрекол клетва пред колоната во Софија, извикувајќи „Анатема, Зеленски, фашистичка Украина, западни сатанисти“, стои во видеото објавено на социјалните мрежи.

Свештеното лице мавтало со големиот крст пред автомобилите на претседателот на Украина, но не успеал да се доближи до Зеленски, при што колоната поминала покрај него со огромна брзина.

Полицајците веднаш го привеле и го тргнале од патот, како што може да се види на снимката.

Како што пишуваат бугарските медиуми, попот претходно го има нападнато и поранешниот бугарски премиер Кирил Петков со претставниците на неговата „Продолжуваме со промената“ на 6 јуни годинава.

Анатема се изречени зборови од страна на црковно лице кои всушност означуваат проколнување или некој вид на клетва.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.