Националната федерација за широка потрошувачка (НРФ) излезе со анкета што покажува дека кражбите по продавници и трговски центри во САД станале национална епидемија, пишува весникот „Волстрит журнал“. Толпа од гневни млади луѓе пак ограби неколку продавници во Филаделфија.
BREAKING: Instagram influencer DayJia livestreams herself looting stores in Philadelphia pic.twitter.com/Ou7KUg2d3D
— Jack Poso 🇺🇸 (@JackPosobiec) September 27, 2023
Според резултатите од анкетата, во 2022 година претежно од кражби ритејлерите останале „кусок“ за 1,6 отсто, пресметано во процент од вкупните продажби или загуба од 112 милијарди долари, изјавија од НРФ.
Таргет, еден од најголемите марки во САД за продажба на стока за широка потрошувачка, вчера соопшти дека поради овој проблем затвора девет продавици во четири сојузни држави.
Не можеме да продолжиме да ги управуваме овие продавници поради тоа што кражбите и организираниот ритејл криминал се закана за безбедноста на нашиот тим и гостите, и создаваат неодржливи бизнис перформанси, изјавија од Таргет.
Ритејл гигантот затвора две продавнбици во Сиетл, сојузна држава Вашингтон, три во Портленд, Орегон, три во Сан Франциско и Оукленд, Калифoрнија, и една во Њујорк. Компанијата истакна дека и покрај тоа што вложила во повеќе обезбедување од трети компании и имплементација на инструменти за одвраќање на кражбите“ одлучено е да се затворат локациите.
Толпа од гневни млади луѓе синоќа ограбија неколку продавници во Филаделфија. За време на дивеењето беа уништени три продавници меѓу кои и една на технолошката компанија „Епл“ која продава Ајфони. Полицијата уапси педесеттина лица, се вршат истрагит за оштетениот имот низ градот. Биле пријавени 76 инциденти. Полицијата утврдува дали „имало организиран караван од разни возила што оделе од една до друга локација“.
Philadelphia apple store looting pic.twitter.com/U3xZMZqFH0
— _The_peeples_champion_ (@sihle_linga) September 28, 2023
Кражбите по трговските центри во некои градови како Филаделфија и Њујорк се должи на разлабавеното работење на органите за безбедност и обвинителството, смета весникот.
Во Филаделфија до септември годинава органите извесиле за 424 кражби по продавници, додека за истото време во 2017 бројот бил 1.500.
Слично е и во Њујорк во местата како Харлем. „Волстрит журнал“ пишува дека за време на градоначалниците Руди Џулијани и Мајк Блумберг овој дел од градот станал пристојно место за живот, „а сега се враќа во криминал и безредија“.
Џорџ Сорос и прогресивните окружни обвинители кои тој ги финансира тврдат дека им помагаат на сиромашните и малцинствата, но овие заедници се главните жртви на кражбите со дивеење, пишува весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.