Американските воени бази ширум Европа, вклучително и Германија, во текот на викендот беа ставени во состојба на готовност поради можен терористички напад. Американската телевизија Си-Ен-Ен објави дека Пентагон прогласил втор највисок степен на безбедност во американските бази, повикувајќи се на двајца неименувани владини претставници.
Тоа ниво на безбедност, познато како Force Protection Charlie, се применува кога Пентагон добива веродостојни разузнавачки информации за потенцијален терористички напад.
Природата на наводната закана остана нејасна. Официјален претставник цитиран од Фокс њуз рече дека тоа не се однесува на парламентарните избори во Франција.
Европската команда на САД (EUCOM) во Штутгарт одби да ги коментира конкретните безбедносни мерки преземени од вооружените сили на прашањето на СИ-Ен-Ен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.