Американскиот Сенат едногласно донесе Резолуција со која рускиот претседател Владимир Путин се прогласува за воен злосторник, што претставува ретка демонстрација на единство во поделениот Конгрес.

Резолуцијата, која ја претстави републиканската сенаторка, Линдзи Греем и која наиде на поддршка од сенатори од обете страни, е поттик за Меѓународниот кривичен суд во Хаг и други нации да целат на руската војска во било која истрага за воени злосторства што се сторени за време на инвазијата на Украина.

„Ројтерс“ го цитира лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер во говорот во пресрет на гласањето.

„Сите ние во оваа сала се здруживме со републиканците и демократите да кажеме дека Владимир Путин не може да избегне одговорност за сторените злосторства над украинскиот народ“, истакна тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.