Новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, поднел жалба против одлуката за продолжување на неговиот притвор во Русија до крајот на ноември, се наведува во судските документи.

Гершкович во март беше уапсен под обвинение за шпионажа, додека, во рамки на службено патување, бил во посета на градот Екатеринбург.

Московскиот градски суд му го продолжи притворот на 24 август, што предизвика остри реакции од претставници на американската Влада и весникот за кој работи Гершкович.

На веб-страницата на судот е објавено дека одбраната на Гершкович поднела жалба. Во јуни, судот ја отфрли неговата жалба на претходната пресуда да го задржи зад решетки до крајот на август.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.