Прецизните напади на руските сили врз објектите во кои се сместени странски платеници во Украина ќе го „намалат ентузијазмот“ на таквите „борци за изнајмување“, вели пензионираниот потполковник на американските воздухопловни сили, Карен Квјатковски.

Поранешниот аналитичар на американското Министерство за одбрана, забележува дека ударите како оној што Русија го изврши врз Харков, „го подигаат нивото на ризик за овие војници и другите, кои се во Украина главно за пари“.

Размислувајќи за тоа какви луѓе би биле подготвени да работат хонорарци за украинската војска, експертот вели дека има голем број поранешни учесници во војни ширум светот, за кои војувањето е работа што најдобро ја знаат.

Има луѓе, вклучително и Американци, кои се психички уништени за нормална работа и живот како резултат на 30 и повеќе години американска интервенција во Ирак, Авганистан, дури и во поранешна Југославија и многу други места. Некои се без сомнение социопати кои уживаат да пукаат луѓе, но други се обидуваат да се чувствуваат како дел од нешто што е реално, а борбата им го дава тоа“, вели американскиот експерт.

Квјатковски додава дека повеќето кои директно работат за Украинците се веројатно повеќе маргиналци отколку професионалци.

Затоа што Украина е зафатена со неволји за регрутирање дома, заедно со лошото политичко и воено лидерство, секој платеник, без посебна лојалност кон Украина и со одредено искуство во битка, брзо ќе го процени односот ризик/награда и ќе избере соодветен начин на дејствување“, вели Квјатковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.