Официјални лица од повеќе американски агенции се состанале со директори на големите американски банки со цел да разговараат за тоа како би можеле да одговорат на евентуални руски хакерски напади, бидејќи американските официјални лица предупредуваат дека Русија може да ја нападне Украина во секое време, велат за „Си-Ен-Ен“ извори информирани за состанокот.

Состанокот, кој се однесува на заштита од потенцијални обиди за кибер напади од Русија против американските финансиски институции доколку администрацијата на Бајден санкционира руски ентитети, покажува како американските власти продолжуваат да го гледаат кибер просторот како домен на ризик се додека кризата во Украина се одолговлекува.

Официјални лица од Белата куќа, Министерството за финансии, ФБИ и Американската агенција за кибер-безбедност и инфраструктурна безбедност, присуствуваа на денешниот состанок, изјавија лица запознати со средбата. Биле поканети директорите на „ЏП Морган Чејс и Ситигруп“, која е единствената американска банка што моментално работи во Украина.

Имаме добар увид во руските способности, или оние на подредените актери, врз основа на минатите дејствија, така што му пристапивме на овој процес имајќи ги предвид тие нивни акции – вели американски функционер за Си-Ен-Ен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.