Американскиот генерал на военото воздухопловство Мајк Минихен оцени дека САД во периодот од следните две години ќе поведат војна со САД, но Пентагон соопшти дека неговите изјави не се усогласени со американските воени процени.
„Се надевам дека грешам, но имам чувство дека во 2025 година ќе завојуваме“, напишал генералот Мајк Минихен во својот допис до офицерите од Командата за воздушна мобилност на чие чело е самиот.
Командата за воздушна мобилноста на американската армија брои 50.000 припадници и речиси 500 воздухоплови, а одговорно е за транспорт и снабдување со гориво.
Иако неговата процена не ја одржува и процената на Министерството за одбрана на САД, таа покажува дека меѓу високите американски офицери постои загриженост дека Кина ќе се обиде да ја преземе контролата над Тајван, островот кој Пекинг го смета за своите одметната покраина.
И Соединетите држави и Тајван во 2024 година ги очекуваат претседателски избори, што би можело да создаде можност Кина да преземе воена интервенција, додал во својот допис генералот Менихен.
„Тие забелешки не го одразуваат ставот на Министерството за одбрана во врска со Кина“, изјавил портпарол на Пентагон, пренесува Reuters.
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави на почетокот од јануари дека засилените кинески воени активности во Тајванскиот теснец не се знак за претстојна инвазија од страна на Кина врз островот.
Бригадниот генерал на военото воздухопловство на САД, Патрик Рајдер коментираше дека воениот ривалитет со Кина и натаму е еден од главните предизвици, како и дека главниот фокус на Вашингтон е да се соработува со сојузниците и партнерите за регионот на Индопацификот да остане „мирен, слободен и отворен“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.