Американски извидувачки авион „П8 Посејдон“ го следел рускиот крстосувач „Москва“ неколку часа пред експлозијата.

Извидувачки авион „Боинг П8 Посејдон“ патролирал во Црното Море на 13 април – објави „Тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори.

Според весникот, во 16.27 часот, летајќи над брегот на Црното Море на Романија, извидувачкиот авион го исклучил транспондерот и исчезнал од радарот, по што авионот не можел да се види во следните три часа.

Во 19:23 часот бил забележан на 70 километри од крстосувачот „Москва“, по што повторно исчезнал од радарот и отишол во база во Италија.

Набргу потоа почнаа да пристигнуваат првите извештаи за пожар на бродот.

На 14 април, ракетниот крстосувач потона додека беш влечен кон пристаништето во Севастопол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.