Aмериканскaтa потпретседателка, Камала Харис, за време на видео обраќањето до учесниците на Вселенскиот симпозиум во Колорадо Спрингс, изјави дека на американската вселенска индустрија и недостасуваат квалификувани технички работници.
Денес нашата вселенска индустрија се соочува со недостиг на квалификувани технички работници. Илјадници добро платени технички работни места, од кои многу не бараат диплома од четири години, чекаат да бидат пополнети“, изјави Харис за време на церемонијата на отворање на настанот.
Коментарите на Харис доаѓаат во услови на загриженост за деиндустријализацијата по децении неолиберална економска политика во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.