Американската тајна служба ги негираше денеска тврдењата дека одбила дополнителна заштита за Доналд Трамп пред неговиот предизборен митинг во Пенсилванија, каде што врз него имаше обид за атентат.

Портпаролот на Тајната служба Ентони Гуглиелми на Х објави дека тврдењата се „апсолутно лажни“. Тој додаде дека агенцијата „додала заштитни ресурси и технологија како дел од зголеменото темпо на патувања во кампањата“.

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп беше застрелан во уво на собир во Пенсилванија во саботата, што властите го третираат како обид за атентат



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.