Американските компании што произведуваат нова генерација мали нуклеарни електрани, со цел да помогнат во намалувањето на емисиите на јаглерод, имаат голем проблем бидејќи само една фирма го продава потребното гориво, а таа е руска, пишуваат дел од британските медиуми.

Затоа американската Влада итно ја разгледува множноста за користење дел од своите ураниумски резерви за индустријата за вооружување, за да помогне во снабдувањето на производителите на напредни реактори со гориво и да го поттикне секторот што го смета за клучен за земјите да ги исполнат глобалните цели од нулта емисии на штетни гасови.

Без сигурен извор на збогатен ураниум, потребен за реакторите, производителите се грижат дека нивните фабрики нема да добијат нарачки. Доколку нема нарачки за мали реактори, малку е веројатно дека потенцијалните производители на гориво ќе воспостават комерцијални синџири за снабдување за да го заменат рускиот ураниум.

Енергетската криза предизвикана од војната во Украина го обнови интересот за нуклеарната енергија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.