За време на годинешната летна сезона во туристичките места на Албанија во служба на посетителите се заеднички италијанско-албански патроли.

Со цел да се обезбеди подобра помош за италијанските туристи, чиј број е во постојан раст од 2018 година, министерствата за внатрешни работи на двете земји одлучија да вршат заеднички патроли во главните крајбрежни градови Драч, Валона, Химара и Саранда, објави на Фејсбук Таулант Бала, албански министер за внатрешни работи.

Тој додаде дека полицајците се ангажирани да ги олеснат контактите на сонародниците со албанските власти и италијанските дипломатско-конзуларни претставништва во Албанија.

Албанско-италијанските патроли почнуваа со патролирање минатата недела, за разлика од албанско-косовските кои активни се од први јули, кога почнува зголемена фреквенција на косовски туристи, па се до 31 август. Овие патроли почнаа да функционираат од летото 2015 година.

Освен на крајбрежјето припадници на косовската сообраќајна полиција заедно со албанските колеги патролираат и на автопатот граничен премин Морина кај Кукс па се до Тирана и Драч.

Во Албанија традиционално најбројни се косовските туристи. Според официјалната статистика нивниот број во периодот јануари-јуни е над 1,3 милиони од вкупно 3,4 милиони колку што престојувале во оваа земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.