Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека чеченските единици можат да стигнат дури до Америка, доколку добијат таква наредба од рускиот претседател.

Доколку пристигне наредбата на врховниот командант, ние сме подготвени да одиме во Америка, оставајќи ја Молдавија далеку зад себе. За таквите наредби не се разговара, туку се извршуваат. Ги имаме сите потребни сили, средства и опрема за да ја спроведеме, напиша на Телеграм лидерот на републиката, коментирајќи ја изјавата на секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Алексеј Данилов дека Русија наводно би можела да ги префрли чеченските единици во Молдавија за да го организира доаѓањето на власт на про- руските сили.

Кадиров истакна дека таквите „самоуверени експерти“ сè уште треба да ги проучуваат плановите на Русија, а обидите на Западот да ја разбие Русија траат уште од 90-тите години на минатиот век.

Претходно, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека ѝ предал документ на претседателката на Молдавија, Маја Санду, кој претставува „детален план на Русија за уништување на политичката ситуација во Молдавија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.