САД тврдат дека нивниот пакет помош, со оклопни возила, системи за противвоздушна одбрана и десетици илјади проектили и муниција, ќе биде вреден 2,5 милијарди долари. Вклучени се 59 борбени возила „Бредли“ и 90 возила „Страјкер“, соопшти Стејт департментот.

Вкупната американска воена помош за Украина со ова ќе достигне 27,4 милијарди долари, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Претходно, Велика Британија во заедничко соопштение со уште девет земји најави испраќање на 600 ракети „Бримстон“ за Украина, Данска и вети француски хаубици „Цезар“, а Шведска артилериски систем „Арчер“ кој Киев долго го бара.

Најавата е објавена пред состанокот на министрите за одбрана и други официјални претставници од околу 50 земји, вклучително и 30 членки на НАТО, во воздухопловната база Рамштајн во Германија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.