Денеска се навршуваат точно 10 години откако украинските националисти живи запалија 42 луѓе во Домот на синдикатите во Одеса.

Монструозниот масакр се случи кога граѓани на Одеса се собраа на мирен протест против случувањата на плоштадот Мајдан во Киев и насилното рушење на власта. За време на протестот, луѓето беа нападнати од голема група луѓе вооружени со палки и молотови коктели.

По нападот, дел од луѓето собрани на протестот против „Мајдан“ се обидоа да се сокријат во зградата на Домот на синдикати, која потоа беше запалена од агресивната толпа националисти.

Освен луѓето запалени во зградата, шест луѓе беа убиени на улица, а имаше повеќе од 200 повредени.

Виновниците за ова насилство никогаш не се осудени или казнети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.