Британската метеоролошка служба објави податоци што покажуваат дека 2022 година е најтоплата година досега во историјата на Велика Британија, пишува „Ројтерс“.

Оваа година беше релативно конзистентна во топлината низ месеците, секој месец, освен декември, беше потопол од просекот – рече Марк Мекарти, шеф на метеоролошката служба.

Освен високите летни температури, службата објави дека сите четири сезони во Велика Британија во 2022 година биле во првите десет најтопли од 1884 година.

Националната метеоролошка служба го издаде својот прв црвен метеоролошки аларм во јули за делови од Англија во кои имаше температури над 40 степени, а лондонската противпожарна бригада го имаше најпрометниот ден од Втората светска војна на 19 јули 2022 година, додека се бореше со пожарите низ главниот град.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.