Најмалку 1.799 луѓе во Појасот Газа загинаа во израелските воздушни напади од саботата, 7 октомври, кога војната започна со крвавиот напад на Хамас врз Израел, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.

Министерството наведе дека загинале 1.799 луѓе, од кои 583 деца и 351 жена, а повеќе од 7.000 луѓе се повредени.

Израелската армија денеска им нареди на стотици илјади цивили кои живеат во градот Газа да се евакуираат од своите домови пред можна израелска копнена офанзива.

Наредбата е издадена иако Обединетите нации ја критикуваа најавата на Израел за можна евакуација на 1,1 милион луѓе од северниот дел на Појасот Газа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.