Огромен аквариум висок 16 метри наводно експлодирал изутринава во хотел во Берлин, Итната служба добила повик околу 6 часот. Водата од аквариумот во која имало 1.500 риби се излеала од хотелот на улицата пред него, пренесува Билд. Германските медиуми пренесуваат дека две лица се повредени.

Во аквариумот имало милион литри вода.

На Твитер се појавила снимка од инцидентот, кој наводно го објавил гостин од хотелот. На снимката се гледа хаос кој се случил по пукањето на аквариумот – лобито во хотелот е уништено, а на подот има вода.

На лице место се пожарникари со службата за Итна помош

Засега не е познато како дошло до инцидентот. Улицата во која се наоѓа хотелот е затворена, јавија службите на Твитер.

– На улицата има многу вода, причината засега и натаму е непозната, наведуваат од сообраќајната служба на Берлин



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.