Украинските сили, со проектили од мобилни ракетни фрлачи МЛРС, го нападнале селото Климово во рускиот регион Брјанск.
Според гувернерот на областа, има пет загинати, меѓу кои и едно 10-годишно девојче, кое си играло на игралиште во училишен двор кога детонирале ракетите.
Освен училиштето, неколку административни и станбени згради се оштетени во селото, а прекинато е и снабдувањето со електрична енергија. Службите за итна помош се на терен, а на повредените им е укажана лекарска помош.
Како што информираат руски Телеграм канали, украински формации го гранатирале и селото Троицкоје, област Кореневски, во регионот на Курск.
Фрагменти од неколку гранати оштетили далноводи, но немало повредени цивили.
Локалните жители пријавиле гранатирање и на селото Теткино, но нема извештаи за жртви или материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.