Нигериската агенција за борба против дрога заплени рекордни 1,8 тони кокаин со проценета улична вредност од 278 милиони долари од магацин во Лагос, што се смета за најголема заплена во земјата досега.
Пет лица, управител на магацин и четворица наркобосови, меѓу кои и еден од Јамајка, се уапсени поради поврзаност со дрога, соопшти Националната агенција за борба против дрога.

Како што е наведено, осомничените се членови на меѓународен картел кои биле следени од 2018 година.

Агенцијата соопшти дека дрогата била пронајден во изолиран имот во Лагос во неделата во време кога „картелот се обидувал да ја продаде на купувачи во Европа, Азија и други делови од светот“.

Дрогата била чувана во 10 патни торби и 13 тапани, соопшти агенцијата заедно со објавена фотографија на осомничените и дрогата.

Агенцијата соопшти дека апсењата и заплените биле „историски удар за нарко-картелите и силно предупредување дека сите ќе паднат ако не сфатат дека играта се променила“.

Бројот на заплени на дрога во Западна Африка се зголеми минатата година, што покажува дека шверцерите на дрога го претворија континентот во центар за пренесување на нивните нелегални производи меѓу Јужна Америка и Европа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.