Српски државјанин (48) е уапсен во Алсира кај Валенсија, на плантажа со марихуана каде биле пронајдени повеќе од 1.000 стебла од ова растение. Шпанската полиција ја лоцирала плантажата во индустриски магацин во градското подрачје.
– Полицијата откри дека во магацинот се троши поголема количина на струја. Станува збор за објект кој е опкружен со куќи и е целосно приспособен за одгледување марихуана во затворен простор. Кога влегле во магацинот, агентите откриле постоење на „дива“ врска со електричната мрежа и виделе како излегува чад, најверојатно поради прегревање на каблите – откриле шпанските истражители.
Објектот трошел 12 пати повеќе струја од вообичаено.
Во магацинот се пронајдени 1.015 растенија, 90 ЛЕД светлосни панели, четири мобилни телефони и 335 евра во готовина. Растенијата, во напредна состојба на цветање, тежат 245 килограми, а поставени се и шест клима уреди, 11 карбонски филтри, 23 вентилатори и пет прочистувачи за воздух.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.