Љупчо Шврговски адвокат на Сашо Мијалков, по новата осудителна пресуда за неговиот клиент со казна затвор од 2 години предвиде дека ќе ја доживее истата судбина како претхдната која беше укината од апелација.
Тој смета дека не се испочитувани ниту едно од напатствијата дадени од повисокиот суд а кои беа причина предметот да се врати на ново судење.

– Законот вика дека одлуката на управниот суд, правосилната одлука има сила на закон. Како може вие со обвинение да дерогирате одлука на Управен суд, а притоа не сте докажале надвор од разумно сомнение дека одлуката на Управниот суд е сторена со кривично дело од страна на судиите кој што одлучуваат. Ако ја следите хронологијата на настаните ќе видите дека до сега ниту едно единствено рочиште не е одложено по барање на одбраната или одбраната била причина или обвинетите за одлагање на овој предмет. Видете во колку наврати овој предмет е одлаган по 3-4 месеци и од кого е одлаган, дали одбраната е виновна за тоа или некој друг. Сепак ќе треба судскиот совет да го разгледа овој предмет за да види која е причината што овој предмет трае толку долго. Затоа тоа е надвор од памет дека ние сакаме или купуваме време. Тука нема дело. Самата пресуда на Аплеациониот суд јасно кажува дека тука нема дело за ниту еден од обвинетите – вели Шврговски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.