Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ќе престојува во Прага, Чешка Република, каде што ќе учествува на Министерска конференција во рамки на Прашкиот процес.

Како што соопшти МВР, за време на работната посета, Спасовски ќе оствари билатерална средба со првиот заменик премиер и министер за внатрешни работи на Република Чешка, Вит Ракушан.

По завршување на Министерската конференција, Спасовски заедно со еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, чешкиот министер за внатрешни работи, Вит Ракушан, и заменик претедателот на Собранието на Киргистан за миграции Медер Рахман ќе одржат заедничка прес-конференција, стои во соопштението на Министерството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.