Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешан го објави списокот од 25 играчи за претстојното Европско првенство во Германија.

Во тимот се враќа играчот на саудиски Ал-Итихад, Н’Голо Канте, кој последен пат играше за Франција во јуни 2022 година и го пропушти Светското првенство во Катар во 2022 година.

Дешан избра 25 играчи кои ќе ги повикаа за ЕП 2024.

Составот на Франција:

Голмани: Алфонс Ареола, Мајк Менијан, Брајс Самба;

Дефанзивци: Џонатан Клаус, Тео Хернандез, Ибрахима Конате, Жил Кунде, Ферланд Менди, Бенџамин Павард, Вилијам Салиба, Дајо Упамекано;

Среден ред: Едуардо Камавинга, Јусеф Фофана, Антоан Гризман, Н’Голо Канте, Адриен Рабиот, Орелиен Чуамени, Ворен Заир-Емери;

Напаѓачи: Бредли Баркола, Кингсли Коман, Усман Дембеле, Оливие Жиру, Рандал Коло Муани, Килијан Мбапе, Маркус Турам



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.