Граѓаните кои живеат во општина Гази Баба можат да пријавуваат во општината доколку некој фрла и пали отпад на јавна површина или било какво друго прекршување на законот што е во надлежност на локалната власт. За таа намена во функција е ставен телефонскиот број 075 346 932 на кој граѓаните имаат можност да се јавуваат и пријавуваат во секое време од денот и ноќта.

Пријавата граѓаните можат да ја направат со смс порака, порака на вибер или со телефонско јавување. Инспекторите ќе бидат должни да реагираат веднаш, а до мене како градоначалник секој петок ќе доставуваат извештај за примени пријави и за постапувањето по примените пријави. Со отворањето на оваа линија услугите на општината од областа на инспекторатот ги доближуваме до граѓаните – вели градоначалникот Бобан Стефковски.

Според него секое барање, реакција или забелешка дадена од граѓаните се разгледува и се постапува за нивно решавање.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.